Вести Свет

Масовни руски ракетни напади ширум Украина – без струја остана најголемата нуклеарна централа во Европа

Најмалку 9 луѓе се убиени а најголемата нуклеарна централа во Европа повторно остана без електрична енергија, откако Русија во текот на минатата ноќ спроведе серија ракетни напади ширум Украина.

Нападите погодија цели во повеќе градови од Харков во северна Украина , Одеса во јужниот дел од државата и Житомир и Лвов во западна Украина.

Уништени и погодени со проектили се повеќе станбени згради и критична енергетстка инфраструктура, при што повеќе региони останаа без електрична енергија. Експлозии имало и во главниот град на државата, Киев.

Според украинските власти, Русија истрелала 81 проектил, во најмасовното бомбардирање во последните повеќе недели, уште од крајот на јануари. Украинците тврдат дека нивната против-воздушна одбрана успешно соборила 34 проектили и 4 од 8-те дронови од иранско производство Шахед, кои биле употребени.

5 луѓе биле убиени во Лвов, додека уште три лица ги загубиле животите во јужниот гард Херсон.

„Тие го уништуваат нашиот град. Го уништуваат. Секој ден има бомбардирање. Секој ден. Навечер, наутро, постојано. Ова се резултатите од бомбардирањето. Сите се во шок. Сите се исплашени. Немаме зборови да го опишеме. Одам да спијам и не знам дали ќе се разбудам наредниот ден“ –изјави 63-годишната Олха Бабашкита, жителка на Костјанитивка.

Украинската компанија за нуклеарна енергија Енергоатом соопшти дека со експлозиите во комплексот на нуклеарната централа Запорожје била уништена последнаат врска меѓу централата и украинскиот енергетски систем била прекината. Нуклеарната централа сега повторно работи со дизел генератори, кои имаат доволно резерви гориво за најмалку 10 дена.

Генералниот директор на меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, повика на посветеност на сите страни на заштита на безбедноста на централата , изразувајќи шокираност од леснотијата со која прифаќаат ваквите застрашувачки настани кои се закануваат да предизвикаат огромни последици.

„Повторно, нуклеарната централа во Запорожје работи со резервите на дизел за вонредни случаи. Последната, последната линија на одбрана. Ова е шестиот пат, да го повторам тоа, ова е шестиот пат кога нуклеарната централа во Запорожје остана целосно без електрична енергија и мораше да работи на овој начин за вонредни ситуации. Дозволете ми да ве потсетам, ова е најголемата нуклеарна централа во Европа. Која шестти пат работи со помош на генератори со дизел за вонредни ситуации. Што правиме? Како може да седиме овде, во оваа соба, ова утро и да дозволиме ова да се случи? Ова не може да продолжи!“ – предупреди, Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Руската страна, која го контролира регионот Запорожје, оцени дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија за нуклерната централа од територијата под контрола на Украинците е опасна провокација, негирајќи дека проблемот е предизвикан од руските напади.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот судија фатен in flagranti со пари, се бара притвор за него, но нема докази за да бара притвор и за вториот осомничен- Јавното обвинителство објави детали за истрагата за Георгиев и Мемети

Дејан Дејан

Извршен претрес во канцеларијата на Иџет Мемети

Дејан Дејан

САД со јасен став за ограничената употреба на динарот во Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе