Вести Свет

Бајден и Шолц ветија постојана поддршка за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина, јави ДПА.

Агенцијата забележува дека двајцата, кои се меѓу најблиските сојузници на Киев, разговарале за војната за време на приватна средба во Белата куќа.

Тоа беше втора посета на германскиот канцелар Шолц на Белата куќа во речиси 15 месеци откако ја презеде функцијата. Тој првпат беше во Вашингтон на почетокот на февруари минатата година, кога централна улога имаше и темата Украина.

Во кусото соопштение објавено по разговорите, Белата куќа наведува дека Бајден и Шолц зборувале за „континуираните напори за обезбедување сигурност, хуманитарна, економска и политичка помош за Украина и важноста да се поддржи глобалната солидарност со народот на Украина“ , како и за други глобални прашања.

Заедничката поддршка за Украина во изминатата година беше од решавачко значење, рече Шолц за време на кратката средба со претставниците на медиумите пред разговорите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе