Вести Свет

Абазовиќ: Црногорската Влада и Советот за национална безбедност ќе расправаат за безбедноста на институциите

Црногорскиот премиер во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска најави дека прашањето за безбедноста на институциите ќе биде отворено на вонредната седница на Владата и на седницата на Советот за национална безбедност.

Абазовиќ и министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ ги посетија повредените во вчерашниот бомбашки напад во Основниот суд во Подгорица, објави црногорскиот портал ЦДМ.

Она што е најважно во овој момент е сите пациенти да се надвор од животна опасност. Сè е среќа во несреќата што по вчерашниот трагичен настан немаме повеќе жртви, рече Абазовиќ по посетата на Клиничкиот центар на Црна Гора.

Според него, вчерашниот настан не може да се стави во контекст на неколку настани што се случија претходно, каде беше најавено активирање на експлозивни направи.

Ова е изолиран случај, се работи за човек кој имал одредени проблеми со кои требало да се позанимаваат сите други институции, нагласи тој.

На средба со директорката на Клиничкиот центар, Љиљана Радуловиќ, на која присуствуваа Зоран Терзиќ, медицински директор, Маринко Пауновиќ, хирург и член на Управниот одбор и Горан Пешиќ, директор на Ортопедија, беше оценето дека сите пациенти се во стабилна здравствена состојба и надвор од животна опасност, соопшти Владата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе