Вести Свет

Маж загинал откако активирал бомба во Судот во Подгорица – повредени уште пет лица

39-годишниот Младен Булатовиќ денеска предпладне влегол во Основниот суд во Подгорица, активирал рачна бомба во просторот меѓу двете стаклени врати и загинал на самото место.

Полицијата добила повик во 11 часот и 35 минути дека во зградата на судот е активирана експлозивна направа и дека има повредени.

„Утврдивме дека до сега смртно настрада едно лице, М.Б. роден 1983 година од Подгоорица. Најверојатно, дека при влез во Основниот суд активирал експлозивна направа со поголема разорна моќ. Имаме уште пет повредени лица. Тие се згрижени во Клинички центар и не би требало да имаат потешки повреди.“ – вели Срѓан Кораќ од криминалистичката полиција.

По експлозијата осуммина се јавиле во Клиничкиот центар во Подгорица, но  повредени се шестмина.

Еден адвокат, двајца вработени во Судот и тројца граѓани. Имаат повреди од шрапнели, но не се во животна опасност.

„Дефинитивно е дека четворица пациенти ќе бидат задржани на понатамошно лечење. И натаму сите се витално стабилни. По пристигнување на дијагностиката ќе видиме дали некој од нив, а многу веројатно ќе треба и хируршки третман.“ – вели директорката на Клинички центар, Лилјана Радуловиќ.

На прашањето како е можно да се случи вакво нешто пред Судот во Подгорица, и адвокатите и судиите велат дека проблемот со безбедноста трае со години.

„За тоа зборуваме  веќе три години. Пред два дена имавме прес-конференција, сите ја пренесувавте. Со години укажуваме дека безбедноста ваква каква што е. За среќа, за среќа се завршои вака, можеше да биде многу полошо.“ – тврди Жељка Јововиќ, претседателката на Основниот суд Подгорица.

Црногорските медиуми јавуваат дека Булатовиќ веќе имал полициско досие. Бил осудуван за напад на полицајци, за фалсификување, дилање дрога. Обвинителството и полицијата работат на случајот.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе