Вести Македонија

Целото семејство на деветмесечното бебе од Куманово во болнички кревет – и останатите се инфицирани со туберкулоза

По мајката и бебето кои во болнички кревет се лекуваат од туберкулоза, денес хоспитализирани се и останатите четворица членови на ова кумановско семејство.

Тие иако без симптоми и во добра здравствена состојба, сепак се инфицирани со туберкулоза.

Ова го покажале првичните тестирања, а со дополнителни анализи ќе се утврдува дали се само носители на заразата или пак заболени.

„Тие секако дека треба да се изолирани, овој позитивен тест не значи дека се болни туку значи дека се инфицирани со туберкулоза. И сега од понатамошните други анализи зависи дали овие деца ќе бидат поставени на заштитна терапија за да не развијат активна болест или ќе ги лекуваме како болест, како туберкулоза.“  – вели д-р Катерина Бошковска, раководител на одделот за туберкулоза во ЈЗУ Институт Козле.

До вчера тие беа во својот дом во населбата Банево Трло во Куманово и според сведочењата на таткото – дискриминирани и отфрлени од околината. Тој една недела не оди на работа, а ниту децата во училиште, додека надлежните не се „на чисто“ за нивната здравствена состојба.

Денес мораа да дојдат на преглед и на читање резултати од првичните тестови, заради контактот со членовите од нивното семејство, болни од туберкулоза.

Имале и препорака од здравствените лица, да се движат со маска иако туберкулозата се пренесува со долготраен и близок контакт, обично внатре во семејството.

Во следните денови, ќе бидат подложни на дополнителни испитувања.

„Првични информации за тоа дали децата се со активна туберкулоза ќе имаме откако ќе земеме искашлоци во текот на денешниот ден и дел во понеделник бидејќи тоа се работи коишто се земаат последователно три дена, а викенд доаѓа. Отприлика во вторник ќе знаеме дали и овие деца се заразни за околината односно дали се болни од туберкулоза, а исто така и за таткото.“ – додава д-р Бошковска.

Според информациите на Телма и Народниот правобранител формирал предмет по сопствена иницијатива, за да се испитаат сите околности на овој случај – почнувајќи од грижата и негата за бебето, па сѐ до делувањето на социјалните служби.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе