Вести Македонија Топ вести

Дескоска се сомнева дека укинувањето на членот 22 ќе спречи апанажа за разрешените функционери и оние кои си дале оставка

Не сака да биде расипувач на забави, но се сомнева во ефектот од вчерaшната одлука на уставниот суд. Професорката по уставено право, Рената Дескоска смета укинувањето на членот 22 од Законот за плати и надоместоци нема да ги спречи разрешениете и функционерите што си дале оставка да добијат апанажа. Таа се повикува на Членот 19 во кој има алинеи кои предвидуваат и пократко траење на функцијата. На пример, стои дека функционерот може да зема три месеци апанажа ако функцијата ја вршел до шест месеци или шест месеци да зема апанажа, ако функцијата ја вршел од до 12 месеци. Дескоска оценува дека овој член кој не прави разлика за тоа по кој основ му престанал мандатот на функционерот дали пред време или по истек на мандат.

Членот 19 предвидува апанажа и при престанок на мандатот со негов истек и при предвремен престанок на мандатот, без конкретно да наведува или да прави разлика меѓу случаите. Предвремениот престан на функцијата дури е и наведен во четирите алинеи каде се предвидува различно траење на апанажата во зависност од траењето на функцијата…Секако ќе биде интересно да го видиме и постапувањето на органите во првиот случај кога разрешен функционер ќе поднесе барање за апанажа, за да видиме дали нешто практично смени вчерашната одлука или ќе излезе „многу врева за ништо, вели професорката Рената Дескоска од Правен факултет „Јустинијан Први“.

Од судот, пак, сметаат дека не треба да се заобиколува нивната одлука, така што некој разрешен функционер или некој што си дал оставка ќе добие апанажа преку поинаво толкување на други законски одредби. Во одговорот за Tелма велат дека со укинувањето на конкретниот член дале аргументи зошто не треба да земаат апанажа и функциоерите што си поднеле оставка и тие што биле разрешени однсно дека тоа не е во согласност со уставот.

Овој став на Уставниот суд е обврзувачки и мора да се почитува и не смее преку било какви толкувања на други законски одредби кои уредуваат сосема други ситуации, да се смета дека, сепак, постои правен основ за остварување на вакво право чија суштина е неуставна. Токму последното ги определува границите во кои може да се толкуваат другите одредби на законот, а се друго значи непочитување на одлуките на Судот, порачуваат од Уставниот суд. 

Адвокатот Ќатоски од Струга ги оспори сите 7 члена од Законот за плати и надоместоци за функционерите кои се однесуваат на апанажата, а Уставен поведе иницијатива и го укина само Членот 22.

Елена Ивановска Мукоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Потребата од физичка активност како дел од секојдневнието на човекот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе