Вести Македонија

Мицкоски: Ајде на брзи избори во мај, без техничка влада

ВМРО-ДПМНЕ му кажа НЕ на Груби. За претседателот на партијата, Христијан Мицкоски понудата на Артан Груби прво да се изгласаат уставните измени, а потоа да се оди на предвремени избори е неприфатлива. Мицкоски вели дека ставот на неговата партија е принципиелен. Ниту учествувале во преговорите за францускиот предлог, ниту презеле обврска за негово исполнување. Сега, ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори и тоа без техничка влада.

„Затоа јас има контра предлог до нив, да не ја мачат македонската јавност, да престанат да крадат, да се охрабрат и ако мислат дека добро правеле изминатите години и изминатите месеци, еве во мај, не мора 100 дена техничка влада, еве и тоа им го овозможуваме, да одиме на избори и секоја политичка партија да понуди решение за проблемот во кој што ја втурнаа Македонија“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Критики за предлогот на Груби стигна и од така наречената „Огнена група“. Изет Меџити вели дека за предлогот на Груби не е разговарано во партијата и дека за тоа слушнал од медиумите.

„Паднаа сите политички аргументи дека се работи за зголемување и стабилизација на мнозинството. Повторно имаме иста бројка. Имаше друг аргумент, дека со реконструкцијата на Владата ќе се приближиме до бројката од 80 пратеници, а сега со ова што Груби го повикува ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните промени – со тоа самиот прифаќа дека не сме ни блиску до тоа. Очигледно е дека ова е Алијанса за спас на Груби и ништо друго. Нема допирна точка со европски вредности, со зголемување на мнозинството или нешто друго во интерес на граѓаните“, вели Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Од СДСМ остануваат на  ставот дека предвремени избори нема да има.

„Нема предвремени избори. Мицкоски капитулираше уште еднаш и оваа тема е веќе затворена. После капитулацијата со предвремните избори, Мицкоски го чека пораз и на изборите во 2024 година“, велат од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема 61 пратаник, а дека власта има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе