Вести Свет

Сирија: Дамаск погоден во смртоносни израелски воздушни напади

Израелските воздушни сили нападнаа станбен кварт во сирискиот главен град Дамаск рано утринава, при што загинаа најмалку пет лица, а 15 се ранети, објавија сириските државни медиуми.

Сириската опсерваторија за човекови права, која врши воен мониторинг со седиште во Велика Британија, објави дека 15 лица, вклучително и една жена, биле убиени во напади насочени кон локации поврзани со иранските милиции и либанската милитантна група Хезболах.

Станува збор за цели селата во Дамаск и во иранско училиште во населбата Кафр Соуса во главниот град, се вели во соопштението… Засега нема соопштение од Израел за нападот.

Изминатиот период Израел изведе стотици напади врз цели во деловите на Сирија под контрола на владата, но ретко ги признава или информира за ваквите операции. Напади доаѓаат во време на поширока војна во сенка меѓу Израел и Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветигнот беше само реторика

Дејан Дејан

Двајцата претседателски кандидати со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Пендаровски: Партиските договарања не придонесуваат за демократијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе