Вести Македонија

Зад азилот на Груевски стои правосудството, а не политика- претседателката Новак за премиерот-бегалец

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак на денешната прес-конференција со македонскиот претседател Пендаровски доби прашање и за азилот на екс-премиерот, Никола Груевски, за кого Македонија на двапати испрати барање за екстрадиција.

Таа вели дека за азилот кој поранешниот премиер со потерница Никола Груевски го доби во нејзината држава, одлучува правосудството.

„Првиот дел во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност за одлучување на нашето правосудство. Јас многу се радувам дека во рамки на оваа моја посета се уверив во тоа дека нашата меѓусебна соработка на ниво на државата се разбива успешно и имаме добри основи тоа и понатаму да се гради и развива“, рече Новак.

Груевски избега од Македонија пред повеќе од 4 години кога требаше да се појави во Шутка за да почне да ја издржува двегодишната затворска казна за нарачаната набавка на блиндираниот мерцедес. Унгарија каде долги владее Орбан во експресен рок му издаде азил. На Груевски во отсуство му беа изречени уште неколку пресуди.

Поранешниот премиер кој има најдолг премиерски стаж во Македонија (2006.-2016.) изненадувачки се врати на врвот на популарноста меѓу политичарите на последната анкета на ИРИ кога 7% од испитаниците го избрале избеганиот функционер како одговор на прашањето „Кога ќе помислите на политичкиот живот во Македонија, која е личноста кон која имате најмногу наклоност“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе