Вести Македонија

Арсовска понуди, приватните превозници задоволни – нова средба за милионскиот долг во текот на оваа недела

Долгоочекуваната средба во просториите на град Скопје траеше три и пол часа и заврши без детали за медиумите што договориле приватните превозници и градоначалничката Арсовска, но во едно беа сигурни- блокади нема да има. Приватниците изразија задоволство од понуденото на Арсовска, а во текот на неделава очекуваат уште една средба на која ќе се договара и за милионскиот долг од страна на ЈСП.

Додека на маса се доставуваат понуди и решенија за конечен договор на приватните превозници и градоначалничката Арсовска, граѓаните остануваат заглавени да чекаат автобуси и по повеќе од еден час и да се соочат со зголемени гужви. Нема точен датум кога автобусите на приватните превозници ќе се вратат на скопските улици.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе