Вести Македонија Топ вести

ДКСК го демантира Османи: Постои извештај што потврдува злоупотреба на службени возила во МНР за партиски цели

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ја демантира изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи во која тој посочува дека во МНР нема Извештај којшто покажува дека била направена злоупотреба на возила за партиски цели. Извештајот констатира дека во предизборниот период Министерството имало 15 свои возила и две позајмени од Агенцијата за разузнавање и оти нема евиденција, ниту може да се докаже колку гориво е потрошено.

ДКСК своите наводи ги темели на издадениот Конечен извештај од извршната ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во МНР од 1 август до 31 октомври 2021 година (во изборен процес). Во извршното резиме до министерот, наведени се состојби кои укажуваат дека нема определено надлежно лице за водење евиденција на возила, опрема и нивно сервисирање. Нема евиденција за лице кое управува со службено возило, ниту се прават патни налози за поминати километри. Одредени корисници на служени возила немаат обезбедено и доставено уредни и веродостојни сметководствени документи до секторот за финансиски прашања, се наведува во соопштението на ДКСК.

Исто така, додаваат дека не е воспоставен систем за контрола на користење и потрошувачка на гориво на службените возила и ова е спротивно на тврдењата на Османи дека „нема таков извештај од некој внатрешен ревизор“ и оти ДКСК погрешно ги интерпретира наводите.

– Имајќи ги предвид наводите од Извештајот, ДКСК ја донесе предметната Одлука број 12-436/1 23.01.2023, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Потребата од физичка активност како дел од секојдневнието на човекот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе