Вести Македонија

40 000 евра отштета за напади од кучиња лани во Битола – сериозна опасност или „профитабилна“ шема?

Од општинската каса во Битола  се одлеваат илјадници евра по тужби на граѓани кои биле нападнати од бездомни кучиња, а сумата за оштета секоја година е се поголема.

Лани Општина Битола исплатила 2,4 милиони денари или околу 40 илјади евра, по тужби на битолчани,  а во 2021 од буџетот се издвоени околу 18 илјади евра. Судот одредува од 1000 до 1500 евра оштета по едно лице.

Тужителот додека возел велосипед по улица  во Битола,  бил нападнат од куче скитник, при што се здобил со повреда  утврдена во Клиничка болница во Битола.  Тужителот претрпел нематеријална штета за  физичка болка и страв. Се задолжуваат  тужените Општина Битола и ЈП Комуналец  солидарно да му платат на тужителот   вкупен износ од  90.000.00 денари со законска казнена камата“, се наведува во една од пресудите на Основниот суд во Битола.

 Граѓаните бараат да се реши проблемот со бездомните кучиња по улиците во Битола, затоа што се грда слика за градот, местото не им е на улица, а предизвикуваат и страв.

-По Широк Сокак, по Шеталиште ги има многу, се плашат луѓето, се плашат децата. Не е во ред да ги има, кој сака куче, да си го прибери, да си го чува, да си го вакцинира, вели битолчанец.

-Стационар да се направи, да ги соберат сите кучиња, тоа е решение според мене, вели друг битолчанц.

Во просек секоја недела еден граѓанин ја тужи општината по овој основ.

Дел од битолчани се сомневаат и не веруваат дека сите напади се од уличните кучиња, но, велат, немат дилема дека ги има во голем број, поради што и потешко ќе се најде решение на проблемот.

-Ако има голем број тужби, не верувам дека сите се од уличните кучиња, но факт е дека има голем број. Мислам дека сега тешко ќе се најде решение на тој проблем, вели битолчанец.

Локалната власт повеќе од една година најавува изградба на прифатилиште во близина на Земјоделското училиште во Битола, но нема прецизни рокови кога ќе биде готов објектот.

За прифатилиштето во тек е подготовка на тендерска документација за адаптација на објектот. На почетокот на оваа година ќе биде распишана јавна набавка, по што ќе започне изведбата на терен. До објектот е донесена санитарна и техничка вода, како и одводна мрежа, а минатата година е направен проект и обезбедена е дозвола за градба, се наведува во одговорот на Општина Битола

Во меѓувреме приватна ветеринарна установа веќе ги заловува, стерилизира и кастрира кучињата,  но,  од општинската каса се одлеваат илјадници евра за оштета по тужби на граѓани кои тврдат дека се искасани од уличните кучиња.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе