Вести Македонија

Скопје може и без приватни превозници, тврди градоначалничката Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, прашана дали има пријавени на новиот Јавен повик на Град Скопје за приватни автобуски превозници истакна дека никој не се пријавил на повикот.

Доколку не се пријавиле тоа кажува многу што се однесува до овој повик. Град Скопје може и без приватни превозници, го организираме јавниот превоз, правиме реформа на јавниот превоз, ќе влеземе во процедура и за набавка на нови автобуси, на нови еколошки автобуси, нешто кое што е поддржано и од Советот на Градот Скопје за следната година и со самото тоа што беа повикани да се јават на огласот како превозници домашните правни лица и да си ја работат оваа работа ако сакаат чесно, а никој не се пријавил тоа кажува многу, истакна Арсовска.

На новинарско прашање околу неисплаќањето на долгот кон приватните превозници како можна причина за непријавувањето во повикот, таа рече дека Град Скопје нема никаков долг.

Град Скопје издава дозвола за вршење на јавен превоз, овие лица го прекршија тој договор. Доколку сакале да работат чесно имале можност да се пријават. Тоа што не се пријавиле кажува се, додаде таа.

Рокот за пријавување на Јавниот повик за приватни автобуски превозници, кој беше отворен минатиот месец од страна на Град Скопје, истече пред два дена. Приватните превозници во многу изјави за време на протестите нагласуваа дека никој од нив нема да се пријави на овој јавен повик и бараат решение за нивната состојба и да им биде исплатен долгот, кој според приватните превозници, изнесува преку 90 милиони денари кон двете компании, односно „Макекспрес превоз“ и „Слобода превоз“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе