Вести Македонија

Судскиот совет ќе избира нов претседател – Дамева и Чачарова-Илиевска фаворити да ја заменат Црвенковска

Судскиот совет утре на седница ќе избира нов претседател по оставката на досегашната претседателка Павлина Црвенковска која обвини дека против неа работела група од судската – бизнис елита.

Според законските измени, новиот претседател на ова судско тело што бира разрешува и оценува судии, може да биде еден од 4-цата членови што не се избрани од редот на судиите.

Телма веќе објави дека, како можни наследнички на Црвенкоска се споменуваат Весна Дамева, поранешен стручен соработник во Кривичниот суд  и поранешен член на правната комисија на СДСМ и Татјана Чачарова Илиевска, адвокатка која 3 години била и посебен советник за правда на премиерот Заев.

Двете како членови на судскиот совет беа дел од делегацијата што неделава беше дел од  Билатералниот скрининг што се одржува во Брисел за Поглавје 23, Правосудство и фундаментални права.

На фотографијата меѓу двете сопернички за претседателската функција во Советот се и тројцата членови на судскиот совет Мирсад Судри, Селим Адеми и Сашко Георгиев.

Сепак изворите на Телма брифираат дека најверојатно Дамева ќе добие поголема поддршка од членовите на советот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе