Вести Македонија

Доктор Есати од Теарце со медицинска опрема во гепек од автомобилот и во пензионерските денови спасува човечки животи

И во пензионерските денови, Абдулџелал Есати од тетовско Теарце познат како доктор Џеки, сѐ уште спасува човечки животи, постојано на готовс со медицинска опрема во својот автомобил.

Повик за помош добил и пред 10-тина дена кога работник на ЕВН паднал од дрвен електричен столб додека работел, при што се здобил со тешки телесни повреди.

„Во една висина од шест метри паднат со све страно тело. Се погоди вена, ја превенирав болката, ја имобилизирав ногата, шокот со инфузии, стана пациентот контактибилен, успешна реанимација, тогаш стигна Брзата помош“, објаснува доктор Есати.

Доктор Есати вели дека токму брзата, но и прецизна прва помош е клучна во такви моменти, затоа што ако поместувањето биде непрофесионално може да има трајни последици врз здравјето на пациентот.

„Пробувајќи да му помагаш на настраданиот, тогаш од неспремност и неискуство може да настане катастрофа. Да почнеме од горе, вратна кичма, ако има повреда на вратна кичма или некој пршлен, со поместување непрофесионално одмагаш на болниот и може да има инвалидитет“, вели доктор Есати.

Докторот повици добива и во ноќните часови и секогаш е достапен на мобилен телефон. Вели дека во своето 36-годишно работно искуство како анестезиолог-реаниматолог, никогаш не користел одмор.

За да ја продолжи хуманата мисија сака да работи и како волонетер, ако тоа го дозволуваат законските нормативи.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе