Вести Македонија

Бугарските историчари имале забелешки како е претставена Охридската Архиепископија во нашите учебници

Копретседателот на мешовитата историска комисија, Драги Ѓоргиев потврди дека освен за учебниците, во изминатите два дена, со бугарските колеги разговарале и за тоа како да биде претставена Охридската Архиепископија во нашите учебници. Бугарските колеги, вели Ѓоргиев, имале забелешки.

Претседавачот на бугарскиот дел од комисијата Ангел Димитров, потврди дека главна тема на средбата во изминатите два дена била како да биде претставена Охридската Архиепископија во учебниците и оти и покрај првичните очекувања, конкретни резултати не се постигнати.

– Јас разбирам дека тоа е многу важна тема, и се надевавме и бевме многу блиску до резултатот. Што се случи не знаеме, но ќе продолжиме на следната средба која ќе биде прва за наредната година во Софија. Ветувам дека ние ќе направиме се што е можно да има позитивни сигнали и добри резултати. Така што, завршивме за оваа година, а посакувам поуспешна да биде следната година за граѓаните на двете држави, кажа Димитров.

Дали историчарите од мешовитата комисија ја вмешаа црквата во државни работи?

Прашан што конкретно барала бугарската страна, Димитров одговори дека инсистирале да се запазат научните принципи и мултиперспективноста.

– Мултиперспективност во образованието значи во еден рок да бидат претставени гледните точки на сите учесници. Станува збор за историските случувања, а не современите држави да имаат право на своја различна гледна точка. Во историјата не може да има две коренити основоположни гледни точки кои се валидни. Едната е валидна, другата не е. Која е вистинската? Таа се определува од два научни принципа. Едниот е и тој е основата во историската наука – е почитувањето на фактите и историските извори, а другиот е со усогласување со доминантната позиција во светската наука. Од таа страна ние сме спокојни запазувајќи ги научите принципи, рече Димитров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе