Вести Македонија

Византиски игри на релација приватни превозници – ЈСП

Без точен возен ред, преполни автобуси со патници, гужви на постојките по скопските улици. Град Скопје и ЈСП од една страна и здруженијата на приватните превозници продолжија и денеска со меѓусебни обвинувања, префрлајќи си ја вината за колапсот на јавниот сообраќај. А скопјани и понатаму се снаоѓаат како знаат и умеат за некако да стигнат навреме до работните места училишатата и домовите поради редуцираниот број на автобуси. Револтирани бараат да се реши овој проблем што побрзо.

Од Град Скопје без солуција или конкретен предлог. Единствено е дека во понеделник советниците ќе имаат можност да постават прашање до надлежните околу овој проблем кој почнува да го парализира нормалното функционирање на граѓаните.

Хаосот во приватниот превоз продолжи и утринава. Приватните превозници ги паркираа своите автобуси пред ЈСП и побараа средба со директорот Александар Стојковски. Барањето експресно беше одбиено.

Приватните превозници од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ кои возат на 15 градски и приградски линии веќе една недела се во отворен судир соградски власти поради долг од околу еден и пол милион евра. Станува збор за средства кои ЈСП треба да им ги исплати на приватниците за плати и режиски трошоци.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе