Вести Македонија

Јолевски разговарал со Фетаи, но не му ги открила причините за повлекувањето – тој не ги коментира критиките на американската амбасадорка

Обвинитеката Фатиме Фетаи од странство му се јавила на претседателот на Советот на јавните обивнители Јолевски да му потврди дека се повлекува од трката за шеф на скопското вишо обвинителство, откако во петокот му испрати маил, а тој побара од неа официјално да го извести Советот. Причините не му ги кажала и покрај тоа што нејзиниот потег отвори многу прашања затоа што тоа го стори во последен момент, откако еднаш веќе беше одложена седницата по час и половина доцнење, но и затоа што за кратко време ова е втора обвинителка која се повлекува од избори. Тоа претходно го стори и обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши која првично се кандидираше за шеф на обвинителството за организиран криминал. Дали Советот ќе испитува дали има позадина за повлекувањата? Јолевски вели не може да преземе ништо ако обивнителките не му се доверат на Советот.

Членовите на Советот и денеска не бираа шефови на 7 обвинителства. Републичкиот обвинител Љубомир Јовески бил задржан на болничко лекување од петокот, па немаа мнозинство за избори.

Дел од членовите коментираа и дека не е во ред тоа што Јовески не им кажал дека ги враќа во обвинителстовто за организиран криминал двете обинителки кои 10тина дена претходно како советот не им дадоа поддршка за уште еден мандат. Телма минатата недела објави дека Јовески издал наредба за упатување на обвинителките Милица Гаврилова и Маја Коневска, а за едната од нив тој гласаше против. Советот ја врати во основното скопско обвинителство Обивнителката Вилма Русковска откако и истече мандатот во обвинителството за организиран криминал и таму седна Ислам Абази.

А по студениот туш од америанската амбасадорка дека се збунувачки резултатите од изборот на Абази, претседателот на советот Јолевски  се дистанцира со образложение дека ова тело не било вклучено во изборот, туку гласале обвинителите. Јолевски не сакаше да ја коментира изјавата на Агелер дека граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор во кој ќе се избира и напредува по заслуга и квалитет, без политичкото мешање.

Не можам да коментира изјави на странски дипломати. Тоа прашање треба да се упати кон некој друг, кој ги носи или предлага законите, ние ги спроведуваме законите. Мислам дека во рамки на она што ни е дадено како можност да спроведеме, спроведуваме онака како што е пропишано. Надвор од тоа не сме излегле, ниту пак сме оставиле простор да не биде запознаена јавноста, онолку колку што ние имаме можност, рече јолевски.

Прмеиерот Ковчаевски се согласува со амбасадорката околу изборотз а шеф на обивнителството за гонење организиран криминал  но за одговори како бил направен изборот упатува кон самите обвинители бидејки тие гласаа на непосредни ибвори . Тврди дека ниту тој ниту министрите немале удел во таквиот избор и дека се потребни реформи за унапредување на поравсудниот систем кој како што потенцираше има кредибилитет од 8 проценти.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе