Вести Македонија

Обвинителките што не ги реизбраа во организиран криминал, повторно ги вратија на работа во ова обвинителство

По само 10-тина дена во матичните обвинителства, обвинителките Милица Гаврилова и Маја Коневска повторно се вратиле во Обвинителството за гонење организиран криминал. Пинг-понг од едно во друго обвинителство направиле Советот на јавни обвинители и републичкиот обвинител Љубомир Јовески. Советот пред три недели не ги реизбра да гонат организиран криминал а државниот обвинител Јовески ги вратил назад во организиран. Донел наредба со која ги упатил во ова обивнителство на една година, почнувајки од 10 ноември 2022, потврдија од Обвинителството за Телма.

Јовески, кој е член по функција на во Советот на седницата, гласаше против Коневска да остане во Обвинителството за организиран криминал каде работеше 12 години, сепак по неколку дена донел решение со кое ја упатува таму.

Од познатите за јавност, Коневска ги води предметите за судијата Мустафа Шахини за поранешниот државен секретар во МИОА, Јахи Јахија и предметот за културно наследство „Копје“. Гавриловска е обвинител во предметот за поранешен член на судскиот советот Зоран Теофиловси и за градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Членовите на советот неколку месеци анализираа и одложуваа и на крајот од октомври не дадоа поддршка на ниту еден од шесте кандидати. Обвинителството кое се најавуваше како продолжение на згаснатото СЈО, засилено со повеке обивнители опрема и логистика, сега се соочува со непополнети обвинителски места и истражен центар. Според систематизацијата, треба да има 17 обвинители без шефот, а во моментот таму има 13 обвинители, 10 избрани и тројца времено упатени. Од Советот на јавни обивнители постојано велат дека бројот на обвинители е доволен за работата што ја имаат, а допрва ќе се се распишува нов оглас откако претходниот пропадна.

Новиот шеф на ова обвинителство, Ислам Абази вчера по заклетвата не сакаше да коментира какви обвинители му се потребни за да гони корупција. Рече дека очекува да се пријават сите што ги исполнуваат законските услови и сметаат дека може да ја работат оваа работа. За себе тврдеше дека ќе работи без влијанија, а за фототрафиите со функционери на ДУИ рече се од случајни средби на планинарење при лов или на свадби во Зајас, родното село на Абази и на Ахмети.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе