Култура

Трајче Кацаров во сеќавање на Благоја Иванов: Немој да спиеш млад колега

По повод смртта на истакнатиот писател Благоја Иванов, сеќавање за една средба со него сподели неговиот помлад колега, драмскиот автор и писател Трајче Кацаров. Текстот ви го пренесуваме интегрално.
За прв пат со писателот седнавме на иста маса, во хотелот „Неда“, на врвот од селото Галичник. После официјалната програма, читање лични творби на учесниците на „Галичките книжевни средби“, останавме сами во ресторанот. Слаткиот муабет што го водевме за време на вечерата, не сакавме да го завршиме со раскревањето на масите и превртувањето на ресторантските столици од страна на келнерите. Поетот и преведувач, што седеше со нас на масата, нарача шише црно вино. Писателот се сложи со нарачката. Јас останав на мојата чаша пиво. Разговорот водеше низ животот на современата македонснка литература. Имаше што да се слушне, што да се доживее, од тивкиот познавач на настаните во него. „Немој да спиеш, млад колега! Ова што сега ќе го слушнеш, нема кој да го повтори, најмалку јас.“- ми рече наздравувајќи со чаша црно вино. Разговорот траеше до првите петли, до зората што ја прогонуваше и последната дремка од карпестата планина. Утредената не го видов во редот на поетите од повеќето генерации, талкачи, по нерамнините на селото и планината. Не го видов до крајот на средбите. Никогаш повеќе не се сретнавме. Деновиве кога слушнав дека починал, се сетив на средбата . Беше во право кога ми рече: „Немој да спиеш, млад колега!“ Имаше живот, многу живот, во она за што зборуваше.

Благоја Иванов почина на 91 – годишна возраст на 5 ноември, годинава. Беше раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор.Работел како соработник, уредник и главен уредник на културниот сектор на Радио Скопје, директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности. Автор е на книгите: „Седум умирања“ ; „Ноќ без починка“ ; „Црвено рондо“ ; „Од онаа страна на заборавот“ ; „Раска в грло“ и др.

Добитник е на наградите: „1 Мај“, „Рациново признание“, „Кочо Рацин“. Автор е на книгите: „Седум умирања“ ; „Ноќ без починка“ ; „Црвено рондо“ ; „Од онаа страна на заборавот“ ; „Раска в грло“ и многу други.

Внеси

You sent

Ќе г
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе