Вести Економија

Топ Тема: Корозивниот капитал и неговото влијание врз безбедноста на земјата

Класичниот економски концепт, кажува дека странските директни инвестиции се добри. Теоретски, тие носат свеж капитал, нова технологија, го поттикнуваат економскиот раст, но како тие влијаат на безбедносната состојба на одредена земја и нејзините стратешки економски интереси. Западните земји започнаа сериозно да работат на механизми за проверка на корозивен капитал по руската анексија на Крим во 2014 година. Но, експертите во вечерашната Топ Тема на Телма, експертите се едногласни дека по руската инвазија на Украина во фебруари годинава, како и ковид кризата претходно, светот повеќе не е ист, и сите земји посветуваат многу поголемо внимание за потеклото на капиталот позади странските инвестиции.

Во такви околности трката беше да се привлечат повеќе директни странски инвестиции, но денеска светот не е истиот свет. Каде што се судираа големите играчи на светската сцена, сега тие области станаа тие видливи пунктови на големи судири и големи поделби. Сега веќе зборуваме за деглобализација на светската економија, односно вртење и затворање во некакви помали целини. Извесноста дека тоа што сега го гледаме ќе потрае, ова добива исклучително големо значење, заради безбедносната природа на прашањето, смета економистот Зоран Јовановски.

Корозивниот капитал влегува во земјата и не доаѓа за да направи добивка, туку за да добие некакво директно или индиректно влијание во одредена земја, а со тоа ја поткопува нејзината сувереност, сметаат експертите.

Токму заради тоа овој механизам треба да се воведе, и ние сме сега дел од НАТО, ќе бидеме и дел од ЕУ, синџирот е силен толку колку што е најслабата алка. Не може ЕУ и НАТО да си дозволат сите да го имаат механизмот, и сето тоа да биде заштрафено само нас да биде лабаво. Така што ќе се случи, смета Јовановски.

Иако навидум изгледа дека вниманието врз тие механизми за проверка на корозивен капитал започнаа со руското мешање во Украина во 2014 година, нивниот зачеток е многу постар. САД се првата земја која разработила такви механизми, и денеска се лидери во целиот процес на скринирање и проверка на странските инвестиции кои имаат потенцијал да ја нарушат јавната безбедност. Тие процеси во Европа започнале да се воведуваат малку подоцна.

Тие почнаа да се воведуваат уште од анализата во 2017 година на целокупниот странски капитал која функционира во ЕУ. Ако погледнете статистички ќе видите дека најголемиот капитал во ЕУ доаѓа практично од САД, Велика Британија, од тие држави кои имаат до некоја мерка сигурен, некорозивен капитал, иако никој не може да гарантира позади инвеститорот кој всушност стои, и тука се можни одредиени заобиколувања на тие процедури, смета државниот секретар Драган Тилев.

Според експертите тоа на краток рок може да изгледа дека биле спречени некои инвестици, но на долг рок ќе знаеме дека тие што ја поминале проверката се конструктивен капитал и доаѓаат за вистинскит епотреби и цели.

Сметам дека во иднина тој систем ќе биде многу порегулиран, и поригорозен. Но сакамд а кажам дека ова значи прифаќање на одговорноста за иднината на една држава. Бидејќи некој сега може да аргументира, дека ние и досега се боревме за толку многу инвестиции да влезат и не беше тој процес лесен, е сега одеднаш ќе го намалиме потенцијалот колку инвестиции би дошле. Јас би рекол можеби квантитетот ќе се намали но квалитетот на тие инвестиции ќе биде позитивен квалитет и од таа гледна точка ќе имаме долгорочен просперитет од една страна, наспроти краткорочна добивка, смета Виктор Мизо, директор на КОСТАЛ Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе