Вести Македонија Топ вести

Ковачки: Од Министерството за одбрана се украдени документи со назнака строго доверливо

Втор ден Министерството за одбрана молчи за украдените класифицирани документи и за украдените компјутери на кои имало строго доверливи документи, пишува на ФБ, Драган Ковачки од ВМРО – ДПМНЕ, кој потенцира дека неовластено откривање може да ја загрози државата и поради тоа бара одговорност од министерката Славјанка Петровска.

  • Голем срам е министерство за одбрана на НАТО членка да биде нетранспарентно за ваков настан, а уште поголем срам е да си неспособен да заштитиш класифицирани документи и компјутери. Ова е случај кој мора да заврши со кривична одговорност и кон одговорните кои не преземале мерки и овозможиле поединци или група да во сред центар на градот, се осмелат да влезат во заштитен објект на министерството за одбрана и да крадат документи и компјутери, вели тој.

Според Законот за класифицирани информации, класифицирана информација со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за ВИТАЛНИТЕ интереси на Република Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млада инфлуенсерка од Тајланд стана баба на само 34 години

Дејан Дејан

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе