Вести Македонија Топ вести

Попушти каналот на хидроцентралата Врбен, ЕСМ уверува дека не е загрозено производството на струја

Интензивните врнежи од дожд во Маврово, предизвикаа лизгање на теренот и оштетување на каналот кој ја носи водата до хидроелектраната Врбен. Таа е составен дела од Мавровскиот хидросистем на Дражавните електрани и годишно просечно произведува 38 гигаватчаса електрична енергија. Од ЕСМ  уверуваат дека со оштетувањето на каналот не е загрозено производството на струја.

На доводот Горна Радика ,поточно Речки канал, како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот.  Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен. Производството на електрична енергија не е загрозено и конзумот се обезбедува преку капацитетите на АД ЕСМ, се наведува во соопштението од АД ЕСМ

Експертите со кои разговараше Телма велат дека најверојатно ваквото свлечиште е предизвикано од оголените терени во Маврово и исечената вегетација поради градежната експанзија и урбаниот хаос. Ова лизгање на земјиштето во каналот од хидроелектраната Врбен е предизвикано од 11 литри дожд на метар квадратен кои наврнаа во изминатите 24 часа во Маврово. Но, неизвесно е што ќе се случи од поголеми количини дожд, како и врнежи од снег зимава.

Од Државните електрани, пак, нема одговор на прашањата на Телма,  во каква кондиција се производствените капацитети на компанијата, и дали со сите слабости на системот, стари и дотраеани електрани, но и недостиг на енергенси, оваа грејна сезона АД ЕСМ  ќе може да ги  произведе оптималните количини на електрична енергија.

Емилија Мисириевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млада инфлуенсерка од Тајланд стана баба на само 34 години

Дејан Дејан

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе