Вести Македонија

Расте бројот на етнички Бугари во земјава кои пријавиле дискриминација

Тринаесет пријави од лица кои се почуствувале дискриминирани поради тоа што се етнички Бугари стигнале до Комисијата за заштита од дискриминација заклучно до јуни.

„Во два случаи е утврдено вознемирување, во еден немаме. Имаме осум претставки кои се во тек се во тек и иамем претставки кои што се отфрлени заради неуредност. Законот кажува кои се основните работи кои треба да ги содржи една претставка. Ако не ги содржи тие елементи, Комисијата ја враќа претставката на доуредување и доколку подносителот не ја доуреди претствката, ние ја отфрламе како неуредна“, вели Игор Јадровски, од комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Јадровски информира дека најмногу од претставките се однесуваат на вознемирување на социјалните мрежи.

„Најмногу се реагира на вознемирувачки говор по социјалните мрежи. Иако имавме и претставка која се однесуваше за дискриминација во работа и работни односи“, вели Јадровски

Споредено со минатата година, оваа година бројот на претставки за дискриминациија до Комисијата од етнички Бугари е многукратно зголемен. Лани имало само една пријава кое се чуствувало дискриминирано во работниот однос поради тоа што е Бугарин, но по која Комисијата во постапката не утврдила дискриминација.

Зголемувањето на овој број на претставки Јадровски го објаснува со зголемувањето на вкупниот број на претставки до Комисијата, споредено со лани.

„Во првите два квартали од 2022 вкупниот број на претставки го надминува бројот на претставки кој го имавме во 2021 година. Значи за цела година“, информира Јадровски.

Инаку според Протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија во делот на говорот на омраза министерствата за надворешни работи на двете земји се задолжени за контакт и информирање на надлежните институции за идентификување на такви случи, меѓу другото, и во јавниот простор.

Од МНР за Телма информираат дека досега имаат доставено информација за еден случај на говор на омраза, со факти кои се очекуваат да се проверат и потврдат дополнително.

Tамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе