Вести Македонија Топ вести

Планинар почина на Кораб- спасувачите го спуштале на раце до Итната помош

Утрово во полициска станица Стрезимир биле известени дека 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфаркт, додека се движеле по планинска патека на повисоките делови од Кораб, поточно местото на настанот е на локација на еден километар над ПС Стрезимир, соопшти ЦУК.

Случајот го пријавил планинар кој дошол до полицска станица Стрезимир, заради тоа што во таа таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање.

Од ЦУК соопштија дека била организирана и покрената спасувачка акција од тим составен од полицајци и планинари.

Од полициска станица – Караула Стрезимир било пратено едно возило со двајца полицајци до место каде што патот бил прооден за возило. Потоа, полицајците и групата планинари продолжиле нагоре пеш за да се сретнат со планинарите, коишто го извлекувале човекот кој добил срцев удар, за да помогнат и надолу да го пренесат до теренското возило, а потоа и до можно место за превоз со медицинско возило, односно да се сретнт со возилото на Брзата помош.

Во меѓувреме била информирана Брзата помош од Гостивар што пратила едно возило, за да се добие во време и да се искористи проодноста на патот до каде може нивното возило да се движи.

Кога сите групи во акцијата се сретнале, по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат.

Но, за да сето тоа да биде и согласно процедурите за такви случаи, е потребно на место на настанот, покрај присутност и медицинска констатација на доктор од брза помош, да се чека да пристигне и јавен обвинител од Гостивар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

50 милиони финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе