Вести Економија Најважни

Инфлацијата достигна нов рекорд – 16,8%

Нов рекорд на инфлацијата од 16,8 проценти во август годинава во споредба со август лани измери статистика.

Кај храната најголемо поскапување за една година има кај маслото за јадење и тоа од речиси 50 отсто, потоа следи лебот  чија цена се зголемила за 44  проценти.

Млекото, јајцата, сирењето поскапеле за 27 отсто , месото за 23 %, а  сериозен раст на цените  има и кај овошјето и зеленчукот.

Поскапувања на основните производи:

Масло                            46,7 %

Леб                                 44,1 %

Млеко јајца сирење  26,9%

Месо                               23,3%

Зеленчук                        13,6%

Овошје                            7,3%

Стручната јавност е сериозно загрижена за овие проценти на инфлација. Велат без мерки таа нема да се стопира.

Потребно е владата веднаш да ги ограничи цените на основните производи во спротивно за кусо време инфлацијата ќе надмине 20 отсто.

„Инфлацијата во Македонија веќе галопира, и ова не треба никого да чуди, затоа што Владата не прави ништо за да ја заузда. Голема илузија е дека инфлацијата ќе се намали сама од себе. Тоа нема да се случи од две причини. Првата е што цените на меѓународните пазари продолжуваат да растат, особено на гасот и струјата. Втората е што домашните фирми ја користат ситуацијата и ги креваат цените и кога нема потреба, само за да си ги зголемат профитите. Во Австрија, владата неодамна реши да ги ограничи цените на гасот и струјата, а за такво нешто деновиве се разговара и на ниво на ЕУ. Во Македонија инфлацијата е од малку поинаква природа, не доаѓа толку од гасот и струјата, туку пред сè од храната, и затоа она што Владата треба да го направи е да ги ограничи цените на основните прехранбени производи, како што направи кон крајот на ланската година“ – вели за Телма, економскиот експерт Бранимир Јовановиќ.

И покрај постојаните апели од страна на  експертската јавност да се замрзнат цените на производите, мерка за која сметаат дека одамна требаше да се направи, владата не се одлучи на таков чекор.

Ценовниот шок се донесе одлука да се ублажи преку ограничување на  маржите  кај основните производи и  кратење на одредени дополнителни трошоци.

А до крајот на годинава  се ограничи и извозот на пченица, брашно,  огревно дрво и пелети.

Сепак,  цените продолжија да растат,а процентот на инфлација од месец во месец се зголемува.

И  меѓународните финансиски иснитуции досега неколку пати алармираа дека цените ќе продолжат да растат а инфлацијата ќе се продлабочува.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе