Вести Македонија

По здруженија наречени по контроверзни историски фигури, владата формира стручно историско-административно тело за да избегне нов клуб “Ванчо Михајлов”

Владата на Република Северна Македонија на денешната, редовна 79. седница донесе одлука за формирање Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице.

Како што соопшти владината прес-служба, претходно била усвоена информацијата за потребата од иницирање меѓу-ресорско, ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, што е во фаза на изработка.

Оттаму посочуваат дека ова е преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата и сите правни субјекти, кои во името имаат историска личност.

 Формираното тело ќе ги анализира поднесените предмети и на надлежните институции ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, стои во соопштението.

Советодавното тело, како што наведуваат, е составено од седум членови, номинирани од самите институции и тоа д-р Билјана Ристовска-Јосифовска редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј‘‘ – Скопје, д-р Бобан Петровски, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје – за прашања од антички период и среден век, д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје – за прашања од нов и најнов век, Академик Драги Ѓоргиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, Антонио Павлоски, посебен советник во Кабинетот на Министерот за култура, Билјана Мицковска, од Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева – регистратор во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Од Владата посочуваат дека во работата на ова тело по потреба може да бидат вклучени дополнително и други лица од граѓанскиот сектор и надлежните институции.

Во Македонија последните две години беа отворени повеќе здруженија со имиња кои се контроверзни и за граѓаните поради историската улога која ја имале на територијата на државата. Меѓу нив е и клубот Иван Михајлов во Битола, наречен по човекот кој Втората светска војна ја поминал засолнет во НДХ, хрватската држава која соработувала со фашистите во тој период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе