Вести Македонија

Уште еден амбасадор го помина собранискиот филтер, тројца останаа на стенд-бај

Македонските кандидати за амбасори во Канада – Агрон Буџаку, Норвешка – Дритон Куќи, Белгија – Методија Белевски, утре ќе имаат трет обид конечно да го претстават своето експозе како идни амбасадори пред Комисијата за надворешна политика во Собранието, откако тоа не им успеа на 26 јули и денеска. Првиот човек на Комисијата Антонио Милошоски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за денешното одложување рече дека е виновно првичното барање на  МНР седницата да биде затворна поради експозето на амбасадорот за Вашингтон кое помина во јули, но и неажурноста на пратениците од редовите на ДУИ во Комисијата.

„Констатиравме дека голем дел од пратениците од владеачкотот мнозинство, особено пратениците од ДУИ – членови и замници на оваа Комисија, немаат национални безбедносни сертификати, што е предуслов да се учествува и да се гласа на затворени седници на работни тела. Нашиот апел беше до министерот за надворешни работи, Османи, прво да внимава, кога мора или кога не мора, да се испраќаат материјали со класифициран карактер и да упати еден апел до пратениците на ДУИ да си поднесат барање за добивање на национални безбедносни сертификати“, изјави Антонио Милошоски, претседател на Комисија за надворешна политика.

Сепак отсуството на безбедносните сертификати на пратениците од ДУИ не биле пречка еден кандидат за амбасадор, за Словачка – Евгенија Илиева, денеска сепак дипломатски да се претставила пред Комисијата. Милошоски тоа го објасни со барањето од Комисијата до Илиева да декларира дека нема класифицирани документи и дека нема да изнесува класифицирани информации во експозето, по што Комисијата и дозволила да ја презентира својата идна дипломатска активност во Братислава.

Зошто тоа денеска не било направено и со другите тројца кандидати, Милошоски со краток одговор.

„Не, заради други обврски, а ќе продолжиме утре со седницата. Ќе биде отворена, освен доколку некои од овластените, а секоја институција како МНР е овластена – го има тоа право, не побара повторно поради некакви доверливи информации затворена седница и доколку за тоа мнозинството изгласа одлука“, вели Милошоски.

Милошоски за кандидатите за идни амбасадори, како за Франција – Виктор Димовски и Агнеза Руси Поповска за Бугарија денека информираше дека до Комисијата се уште не се стигнати материјалите од МНР.

Прозивките на релација Комисија за надворешна политика, на чие чело е Милошоски, со МНР, околу испраќањето на амбасадорите во дипломатски мисии трае подолг период уште од времето на министерувањето на Никола Димитров, што продолжи и кога на чело место на МНР дојде Бујар Османи.

Османи пак пред десетина дена јавно го обвини Милошоски за бојкотирање на надворшената политика и стратешкиот интерес на земјата со незакажување на сендиците на Комисијата за сослушување на амбасадорите. Милошоски возвратно на Османи денеска му порача дека ќе треба пред Комисијата да одговори за нетранспарентноста во кадровската политика на МНР, како во случајот на вработувањето на телевизиската презентрека Бесмира Ејупи.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе