Вести Македонија

Не е дивоградба, продолжена е куќата за 3 метри, а ДКСК тера политика против мене, обвинува Таравари. И обвинителството контра антикорупционерите

Класичен обид за лична дискредитација и употреба на антикорупциската комисија за политичко-партиски цели, изјави градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари како коментар на  иницијативата на ДКСК за негово кривично гонење поради непостапување во случај кога градбата излегла од границите на планот.

Таравари вели дека не станува збор за дивоградба туку за пуштање на три метри надвор од планот за што инспекциите во Гостивар неколкупати укажале на инвеститорот да ги урне, но тој не постапил. Случајот е пријавен во обвинителството, а оттаму реагираат дека случајот веќе е затворен со поднесено обвинение за прекршителот за што е информирана и ДКСК пред 5 месеци.

Антикорупциска пак најави постапка за одговорност против надлежниот обвинител Арсим Адеми поради тригодишно одолговлекување на истрагата. Од обвинителството пак тврдат дека обвинителот го сработел случајот врз основа на докази кои ги чекал од надлежните. Куќата со продолжението веќе е изградена и покрај инспекциските наоди и истрагата.

Таравари ја повика антикорупциска и надлежните да бараат дивоградби онаму каде што се на власт претставници на СДСМ и на ДУИ и каде според него се гради без дозвола.

Обвинителство: Поднесен е обвинителен акт за кој ДКСК бара одговорност од обвинителот Арсим Адеми и се известени

Од обвинителството ни одговорија на прашањето за случајот кој го покрена ДКСК против гостиварскиот обвинител Адеми

-Јавниот обвинител кој го наведувате, потстапувајќи по поднесената кривична пријава донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на 02.04.2019 година, бидејќи постоеше основано сомнение дека лицето сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик.

По преземените истражни дејствија, на 18.02.2022 година јавниот обвинител достави Обвинителен акт против наведеното лице до Основниот суд во Гостивар. За поднесениот Обвинителен акт,  по доставено барање од Државната комисија за спречување корупција, јавниот обвинител на 04.04.2022 година достави известување до ДКСК, стои во одговорот од Обвинителството.

ДКСК бара кривична одговорност за Таравари и казна за обвинителот кој се спогоди со Кичеец- толерирале дивоградба во Гостивар

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе