Вести Македонија Топ вести

Македонски толкувања на бугарски документ

Нови бранувања во Македонија предизвикани од бугарските политичари, дури и кога се дел од техничката Влада. Споменувањето документ со обврски за бугарските институции, ВМРО ДПМНЕ го нарече предавство на нашата Влада, а МНР го нарече шпекулација и го објасни како акциски план на Владата во соседната земја.

„Сите информации за внатрешната поставеност, организација, акциските планови и приоритети на новата Влада се внатрешна работа на Бугарија и не се резултат на меѓусебни разговори“, објаснува МНР.

Сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамки на преземените обврски, како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, велат од МНР.

Но, во ВМРО ДПМНЕ се уверени дека во Бугарија се подготвуваат нови обврски за Македонија. Ги прозиваат претседателот Пендаровски и Владата ништо да не кријат и да објаснат што содржи овој пишан документ.

За СДСМ, ова се лаги кои служат за заплашување на јавноста и кои ќе пропаднат исто како и претходните невистини за загрозување на македонскиот јазик и идентитет, за асимилација или бугаризација.

Вчера шефот на бугарската дипломатија Николај Милков изјави дека непосредна задача на бугарското МНР во однос на билатералниот дијалог со Македонија ќе биде усвојување на писмен документ што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски. Милков е дел од Преодната влада која положи заклетва минатата недела. Назначена е од претседателот Радев и има мандат до формирањето политичка Влада по предвремените избори во октомври.

Соња Ноколовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судскиот Совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на приведениот врховен судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе