Вести Македонија

Штип се соочува со недостаток на питка вода, проблем се дивите приклучоци

Загуби на вода од над 60 %, секојдневно пукање на цевки, но и  кражби на вода, ова се најголемите маки на комуналните претпријатија во земјава. Штипското комунално претпријатие месечно открива од пет до десет диви приклучоци. Надлежните велат дека ова доведува до дестабилизација на водоводниот систем и намалување на притисокот во високите зони. Додека едни водата ја користат за полевање на  своите градини и дворови, други пак граѓани во високатниците немаат вода за основна хигиена.

Кражбата на вода е кривично дело, од ЈП „Исар“ се заканија дека ќе следат пријави и до јавното обвинителството. Во моментов крадците на вода се санкционираат парично.

Низ штипскиот водоводен систем се губат над 60 % од водата, која се филтрира во сосвремената станица. Некои граѓани низ градовите се однесуваат расипнички кон водата, а во голем дел од руралните средини се снабдуваат од селски чешми или бунари. Последните податоци од кампањата „Разбистри се “ покажаа  дека 88,9 проценти од населението  се снабдуваат со вода за пиење преку водововоден систем. Слаба покриеност  има во селата од Североисточниот, Југозападниот и Полошкиот регион  и тоа од 25 до 34 проценти од домаќинствата   немаат пристап до водовод.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе