Вести Македонија

УЈП уверува дека до петок ќе заврши ажурирањето на МојДДВ и граѓаните ќе можат повторно да скенираат сметки

Откако на социјалните мрежи се појавија многу реакции на граѓани дека не функционира телефонската апликација за скенирање на фискални сметки, од УЈП велат дека до крајот на неделата очекуваат да заврши процесот на прилагодување, кој започна минатата недела.

Секој телефон, има свој софтвер за читање бар кодови. Но, овој основен начин на скенирање, базиран на можностите на телефонот не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат бар кодовите од фискалните сметки Затоа УЈП во апликацијата МојДДВ, користи дополнителна надградба на софтверот за да се овозможи напреден начин на скенирање, со што ќе се изедначат можностите на сите граѓани, без разлика каков телефон поседуваат. Но, со менувањето на технологијата е потребно и унапредување на напредниот начин на скенирање. Поради прилагодувањето на апликацијата на новиот технолошки развој, на понапредниот начин на скенирање, во моментов е возможно да се користи единствено бар код читачот кој го овозможува телефонот, соопштуваат од УЈП.

Во врска со реакциите на граѓаните, кои коментираат дека ќе истече рокот за скенирање додека проработи апликацијата, УЈП ги упатува корисниците бар код читачите или киосците кои се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе