Вести Економија Најважни

Енергетичарите сметаат дека политичарите во земјава заборавиле на енергетските проблеми

Наместо да решаваат политички проблеми, политичарите во земјава со нивните колеги од Бугарија требаше до сега да најдат решение за снабдувањето со гас. Дел од експертите лути, сметаат дека поради политиката, власта заборавила на реалните проблеми. Сериозно се загрижени за состојбата со енергенсите. Велат работа на политичарите е да не убедуваат дека греење и струја ќе има и се ќе биде во ред, но не се оптимисти дека ќе биде така.

Министерот Бектеши минатата недела рече дека со писмо до Бугарија ќе бара да се ослободат капацитетите закупени од Гаспром, за да може да се носи гас од други држави. За експертите тоа не е возможно. Предупредуваат, ако Русија го затвори вентилот, за нас ќе биде многу тежок период.

Што сега со писмо, до сега требаше да се договори испорака на гас. кога ќе праќаат писмо, па знаат ли да го напишат. Се решава тоа меѓу  држави со телефон, има или нема гас. Сега кога ќе праќаат писмо треба да го напишат, па треба да знаат да го напишат. смешно е сега да се кажува дека ќе праќаат писмо. А тој гас од Касписко море оди по друга линија, по цевководот ТАП и ние не сме на тој приклучени, ама имаме желба, вели за Телма Констатин Димитров.

Димитров смета дека неподготвени ќе влеземе во зимата. Енергетските објекти се стари и дотраени и не може да произведат доволно струја. Од друга страна, се доцни со набавка на јаглен и мазут, а струја требало да се увезе уште пред неколку месеци кога цените биле пониски.

Ќе ја купуваме зимоска, ќе се договараме, се уште не можеме сами да произведеме. Купувањето од ден за ден е поскапо од долгорочните договори. Уште еден проблем е тоа што секоја држава во кризна состојба умно си се грижи за граѓаните. Унгарија го сопре извозот на енергенси, Романија исто. Се чека и Бугарија тоа да го направи и уште Србија ако го забрани ќе нема од каде да се купи, додава Димитров.

Од ЕСМ уверуваат дека се прави се за да испорачаат 100 процени од потребите на струја. Во моментов тврдат дека увоз нема, а и во планот за годинава не е предвиден. Од ноември лани до февруари пак за набавка на електрична енергија биле потрошени над 34 милиони евра. Најголеми количини се увезувале на крајот од ланската година кога се случи хаваријата во РЕК.

Министерот Бектеши пак, најави дека следниот месец ќе биде прогласена нова енерегетска кризна состојба. Планот е во функција да се стават сите објекти, третиот блок во РЕК,  но и централите Осломеј и Неготино. Ако се оди според планот и ако не се забрани извоз на струја, не очекува да има рестрикции,  но рече дека пред нас е најтешката зима до сега.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шимоните за „Фајненшл тајмс“: Литванија подготвена да испрати војници во Украина за обука

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста се зголемува, поголема заинтересираност за Парламентарни отколку за Претседателските избори

Дејан Дејан

Вучиќ: Суштинско и длабоко продлабочување на односите со Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе