Вести Македонија

Се зголемуваат платите на вработените во Општина Аеродром

Градоначалникот на општината Тимчо Муцунски заедно со претставници на Синдикалната организација на Општина Аеродром денеска потпишаа измени на Колективниот договор, со што се врши линеарно зголемување на платата на вработените во администрацијата од 2800 денари.

-Оваа мерка се спроведува со цел да се постигне подобрување на условите во кои работат административните службеници, бидејќи мотивиран персонал може да постигне многу повеќе за граѓаните и за општината. Истовремено, потребата од потпишување на овој колективен договор е голема, особено во време кога се соочуваме со висока инфлација и општа економска криза, изјави градоначалникот Тимчо Муцунски.

Со усогласувањето, како што информираат од Општина Аеродром, се предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на оние лица чии месечни примања веќе беа зголемени со самото покачување на минималната плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе