Вести Македонија

Изградени се 10 нови улици во Општина Ѓорче Петров

Екипите на ЈП Улици и патишта интензивно работат на изградбата на нови улици во населените места во општина Ѓорче Петров и досега се изградени 10 нови улици со вкупна површина од околу 4200 квадратни метри. Станува збор за улици кои првпат се асфалтираат на барање на граѓаните, соопшти Град Скопје.

Градежни активности, како што се посочува, деновиве се реализираат на улицата „73“ во населеното место Волково, на вкупна површина од околу 350 квадратни метри.

Во рамките на досегашните градежни активности, асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4, 6 и 10 во населено место Кисела Јабука на површина од 2590 квадратни метри. Во населеното место Ново Село асфалтирани се улица „1“ лев крак и улица „1“ десен крак на површина од 560 квадратни метри, а во населеното место Волково асфалтирани се улица „3“ и улица „бб“ на површина од околу 1050 квадратни метри.

Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор продолжуваат согласно предвидената динамика. Во овие пет населени места во општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу пет километри, информираат од Град Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе