Вести Македонија Топ вести

Запалено возилото на дежурниот командир на затворот „Идризово“

Ноќеска 2 часа по полноќ горело возилото на дежурниот командир на затворот „Идризово“, дознава Телма. Пожарот се случил на паркингот од затворот. Ова следува откако пред два дена имаше координирана акција и  се вршеа претреси  во 25 ќелии при што беа запленети дрога, ладно оружје телефони и пари. Дали има некаква поврзаност и дали засегнатите се одмаздуваат за акцијата од МВР не коментираат додека истрагата не утврди кој стои зад пожарот. Потврдија дека на паркингот  на затворот горело возило на вработен кој бил повреден при гасењето.

-На 16.06.2022 во 01,50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека  во кругот на Казнено поправната установа Затвор „Идризово“ на паркингот позади  управната зграда, било опожарено патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот. Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита и сопственикот, кој при гаснење на пожарот се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР

Како што објави вчера Телма во акцијата учествувале 65 специјалци од ЕБР, уште 30 полицајци од крим-техника и над 40 затворски чувари и полицајци од други затвори.

Биле претресени келии и затвореници и во затворнеиот дел и меѓу осудениците со доживотни казни за Диво Насеље, но и кај затвореници во полуотвореното одделение. Кај еден затвореник биле најдени три ножа, додека друг имал над илјада евра иако според правилниците било дозволено да имаат најмногу 6.000 денари за цел месец, објаснува за Телма извор од истрагата.

Министерот за правда Никола Тупанчевски и директорот на Управата за извршување санкции на прес конференција најавија дека никој нема да биде поштеден од одговорност но се чекаат одговори од истрагата.

Тупанчевски откри и дека при неодамната посета, претставници на Комитетот за превенција на тортура, при Советот на Европа, јасно посочиле дека некои директори на затвори не ги исполнуваат условите и дека треба да има промени во затворскиот менаџмент.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе