Вести Македонија

Во затвор меѓу осуденици за криминал “врие” од ножеви, дрога и девизи

Полицијата денеска најде 37 ножа во 25 ќелии во затворот Идризово каде вршеше претреси како што беше соопштено од превентивни причини. Најдени се и пари, дрога и други недозволени предмети за поседување во затворите.

Инаку кога затворските чувари се движат во затворениот дел од затворот не смеат да носат оружје поради безбедносни процедури.

-По добиена наредба од Судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово.При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела,  изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Од МВР засега нема информации кои и колку  затвореници ќе бидат гонети за денеска откриените кривични дела ниту пак има информации како се внесувани забранетите работи и кои затворски службеници се одговорни за пропустите и како ќе одговараат.

Ова е првпат да има информација во јавноста за голема полициска акција со претреси во затворскиот систем и покрај тоа што има тврдења дека станува збор за редовна контрола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе