Вести Македонија

Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово

Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби, соопшти владата.

Претходно претседателот на Советот на општина Тетово Бесар Дурмиши побара што поскоро да се донесе одлука и датум за нови избори. Тој информира дека се уште немаат добиено официјално решение за распуштање на Советот од Владата.  Според него, ова е најдобро решение за Општината, бидејќи Советот не функционира и не може да носи одлуки. Седницата на 27 април не се одржа затоа што немаше мнозинство за да одлучува.

Ние сега ќе чекаме од Талат Џафери, претседателот на Собранието, да ги распише изборите за локалната власт,  и да го каже датумот. Најдобро за Општината побрзо да се одржат локалните изборите зашто во многу работи Општината не функционира како што треба без Советот, изјави Дурмиши.

Можно е изборите да бидат на 20 август, кога ќе има гласање во други општини за градоначалници. Во досегашното мнозинството во Советот покрај Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците беа и двајца советници од иницијативата „Подобро за Тетово“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе