Вести Македонија Топ тема

Аврамовски: Сторителите на булингот не се свесни за последиците од она што го предизвикуваат

Училишниот психолот Ана Попризова вели дека сајбер насилството е присутно уште во основното образование, а последиците од тоа се сериозни и зафаќаат многу различни сфери од личноста. Во вечерашната Топ Тема на Телма посветена на сајбер силеџиството и врсничкото насилството, Попризова вели дека жртвите се соочуваат со психолошки проблеми, имаат проблеми од областа на когнитивните способности и им се намалува училишниот успех.

Емоционалната сфера е зафатена. Почнува да чувствува срам и страв, почнува да се изолира од околината, бидејќи мисли дека е во фокусот. Тоа ја нарушува и сликата за себе што младата личност ја гради, затоа што многу често е врзана и со физичкиот изглед. Сето тоа остава трага и во емоционалната сфера и секако социјалните контакти се редуцирани, личноста има потреба да се повлече, и оваа ситуација ја намалува самодовербата и доколку не се реагира навистина може да остави сериозни последици и во некои случаи, кај личности кои што не побарале помош, може да предизвика и суицидални мисли и за жал во регионот има такви случаи на млади и деца, вели Попризова.

Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“ смета дека сајбер насилството е глобален тренд и повеќе држави веќе прават напори како да го регулираат сајбер просторот, но се соочуваат со предизвици како да го направат тоа без да навлезат во слободниот проток на информации и слободата на говор.

Не постојат некои меѓународни документи кои го регулираат врсничкото насилство, особено делот од сајбербулинг и поради тоа отсуствува некоја директна последица за причинителите на ваквите дела. И токму тоа е она што придонесува сторителите на булингот да не се свесни за последиците од она што го предизвикуваат и до каде може тоа да досегне, вели Аврамовски.

Попризова: Ако општеството е насилно, тоа насилство се префрла и на социјалните мрежи

Тој додава дека еден од проблемите е што социјалните медиуми сѐ уште не се јасно дефинирани.

Дали станува збор за медиуми во класична смисла на зборот, дали станува збор за јавен простор, налик на плоштад, нели вие ако излезете и зборувате јавно на плоштад се смета дека јавно сте ги кажале работите, или станува збор за приватно катче на секоја индивидува на интернет просторот. Тоа е најчесто заблудата особено кај младите луѓе, кои не се доволно едуцирани за оваа тема, кои не се доволно свесни дека постирањето на слики на социјалните медиуми значи всушност нивно јавно објавување. Со тоа се смета дека тие се веќе јавно објавени и достапни и буквално секој може да ги види и споделува, секако се додека не навлезе во нарушување на авторските права, барем според она како стојат законите кај нас моментално, вели Аврамовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе