Вести Македонија

Утре заедничка литургија во Истанбул

Црквата во Фенер ги отвори портите за многубројните верници од нашата земја кои утре ќе присуствуваат на заедничката литургија на која ќе сослужуваат архиепископот охридски и македонски Стефан и вселенскиот патријарх Вартоломеј. Да се присуствува на овој историски чин на обединување во една, света соборна и апостолска црква е голем товар, но и радост во исто време.

После 55 години Охридската архиепископија предводена од г.г. Стефан се враќа во единство со сиот православен свет. По одлуката на Вселенската патријаршија за црковно обединување и по потврдата од СПЦ дека МПЦ-ОА треба да добие афтокефален статус започнува процесот на обединување на целата православна икумена после години поминати во разединетост.

Не може да се претпостави колку би траел тој процес бидејќи СПЦ и Вселенската патријаршија треба да ги известат сите православни цркви за донесената одлука, па потоа и тие да се изјаснат. 14 на број. Нашата црква како ОА влегува во евхаристичко општење со целиот православен свет како црква на територијата на Северна Македонија и епархиите во дијаспората.

Досега Грчката православна црква го поздрави овој процес со забелешка за употребата на името МПЦ бидејќи на тој начин се навлегува во внатрешните работи на грчката црква која исто така во своја јурисдикција има област наречена Македонија. БПЦ досега во молк го следи целиот процес. А РПЦ исто така го поздрави признавањето на афтокефалниот статус на МПЦ-ОА од страна на СПЦ. Тоа значи дека сега нашата црква е подготвена и достојна за автокефалност.

Утре на 12 јуни, вселенската патријаршија треба да обзнани дека по репението на СПЦ почнува процесот на издавање на општопризнат Томос. Според редоследот на достоинство другите православни цркви треба да бидат известени после Цариград, Александрија, па Антохија и т.н.

По добиените одговори од црквите Патријархот Вартоломеј треба да издаде Томос, кој ќе го потпише само тој. А потоа нашата црква ќе се договори до секоја од црквите на кој начин ќе си се обраќаат. Охридската архиепископија е гордост со 10 века традиција.

Од Истанбул за Телма известува Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе