Вести Македонија Топ вести

Поради дефекти во водоводната мрежа штипјани останаа без вода за пиење

Старата водоводна мрежа ги остава штипјани без вода за пиење. За само три месеци  екипите на комуналните претпријатие „Исар“  имале 163 дефекти на водоводна мрежа, или двојно повеќе од лани. Штипскиот градоначалник деновиве ќе разговара со сите политички партии за искористување на средствата од самопридонесот, за што е потребен референдум. Досега имаше два неуспешни референдуми за пренамена на 1,2 милиони евра, кои се на посебна сметка. 

Старата водоводна мрежа под налетот на големиот притисок на водата која пристигнува од Хидроситемот Злетовица ги остава жителите на Штип без вода за пиење. Дефектите се секојдневни. Анализите покажале дека дефектите во првото тромесечие се за двапати повеќе.

Штип има околу 30 километри азбесна водоводна мрежа, а низ неа се губат 60% од филтираната вода. Проблемот со секојдневните дефекти, на маса ги става 1,2 милиони евра. Средства од самопридонесот за изградба на брана на Козјак, а сега ќе мора преку референдум да се пренаменат овие средства за санација на водоводната мрежа. Штипскиот градоначалник почнува со разговори со партиите, со цел овој трет референдум да биде успешен.

За утврдување на датумот на референдумот ќе се разговара на средба со сите политички чинители, а  како што рече Јорданов, пожелно е да биде со некои избори за да се скратат трошоците за спроведување, но доколку нема таква можност, дополнително ќе се одбрере датум за распишување.

Викторија Јованова Димитрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остануваме на ваша страна за реформи и европска иднина – Макрон со честитки до Силјановска за изборната победа

Дејан Дејан

Крвопролевањето продолжува, делегациите ги напуштија преговорите – Израел и Хамас без договор во Каиро

Дејан Дејан

И Германија размислува за запирање на испораките на оружје за Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе