Вести Македонија

Пајазити: Не направив злоупотреба со ангажирањето на новинарката Ејупи

Државаниот правобранител Стафа денеска не одговори на нашите обиди да добиеме коментар, откако ДКСК најави дека ќе бара обивнителството да покрене кривична постапка поради незаконски исплаќани хонорари на новинарката Бесмира Ејупи, а молк и од општина Сарај предводена од Блерим Беџети и од градоначалникот на Петровец Борче Митевски. Од прес службата во Чаир не известија дека нема да се прознесат додека не го добијат заклучокот на Антикорупциска на писмено.

Единствено поранешниот градоначалник на Брвеница Енвер Пајазити објасни зошто смета дека не направил никаква злоупотреба ниту на функцијата ниту на општинскиот буџет. За тоа дека паралелно била ангажирана и во други институции разбрал од телевизија, а вели немал да ја прашува каде се работела.

Антикорупционерката Катица Николовска која го презентираше вчера овој предмет пред колегите, за општина Брвеница посочи дека биле склучени два договора, а само по еден биле исплатен хонорар за Ејупи. Сепак спорно меѓу другото е тоа што овој договор се повикувал на закон за вработување и осигурување во случај на невработенсот, кој не бил соодветен. Дополнително извештаите за работа наликувале на оние на другите институции кои истовремено ја ангажирале Ејупи.  Николовска посочи дека дел од институциите и веќе имале вработени за работите кои требало да ги извршува новинарката.

Антикорупциска анализирала дека во овие општини изминатите две години биле склучени и други вакви договори на дело, а лидер е општина Чаир која за две годни склучила вкупно  300 договори на дело. Поради сомнеж за злоупотреби со авторски договори ДКСК  ќе поднесе иницијатива за кривично гонење и за екс генералните секретари Драги Рашковски и Мухамед Зекири за време на чии мандати биле исплатени 2 ипол милиони евра за хонорарци.

Антикорупционерите  алармираа дека се наоѓаат начини и модуси како погодни личности да се вработат во администрацијата и потенцираа дека овој проблем го има и во многу државни и локални институции.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе