Вести Македонија

Одбиен предлогот за јавно претставување на кандидатите за уставни судии

Членовите на Комисијата за избори и именувања не го прифатија предлогот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за јавно претставување на кандидатите за уставни судии.

За да не се наруши работата на Комисијата, пратеникот Милошоски предложи кандидатите кои сакаат да може лично да се претстават по расправата.

 

Според потпретседстелот на Собранието и член на комисијата оран Мисовски, Комисијста сега треба да ги избере предлозитте за уставни судии според актуелниот Деловник, а во иднина да се доуреди во Деловникот изборот на уставни судии.

И претседателката на комисијата Марија Георгиева кажа дека тоа не е според деловникот за работа, бидејќи сите кандидати до сега се бирале според предложената биографија. Од деветте предложени имиња треба да бидат избрани тројца судии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе