Вести Македонија

Една изборна единица – потреба од коренита реформа на изборниот систем

Една изборна единица наместо шест, ова е едно од решенијата за намалување на бројот на непретставени избирачи и решение кое се очекува да доведе до демократизација на изборниот процес и целокупното општество.

Ова се заклучоците на учесниците на вчерашната панел дискусија која ја организираа Либералниот институт Скопје и Институтот за истражување и анализа на политика Ромалитико. Измените и дополнувањата на Изборниот законик кои се однесуваат на воведување на една изборна единица, поднесени од пратеници од помалите парламентарни партии веќе се во собраниска процедура, со што доколку се усвојат, територијата на државата ќе се обликува во една изборна единица со отсуство на изборен праг.

Ова беше главната водилка на вчерашните дискусии, низ кои панелистите со различна позадина го споделија своето видување на темата. Овој модел треба да им овозможи на помалите политички партии, како и на партиите на помалите етнички заедници, полесно да го остварат своето право на претставување.

Со сегашното законско решение, нивните гласови се поделени во шест изборни единици и тие, честопати, не успеваат да обезбедат доволно гласови за да добијат пратеник во македонското собрание без притоа да имаат потреба од предизборно коалицирање. Како куриозитет, панелистите како интересен за анализа го наведоа податокот за тоа што во шестата изборна единица, пратеник сега се станува со околу 6.000 илјади гласови, а во други изборни единици на еден пратеник му требаат и по 10.000 гласови. Некои од констатираните нелогичности се и дека сегашниот модел има противречност од калибарот на тоа дека на една иста улица, граѓаните кои живеаат од едната страна на таа улица гласаат во една изборна единица, а останатите во друга. Во државата, на парламентарните избори моментално се гласа по пропорционален изборен модел со 6 изборни единици од кои од секоја се избираат по 20 пратеници. Со овој модел мали се шансите помалите политички партии, кои и покрај тоа што освојуваат одреден квантум гласови, да осигураат пратеничко место. Потребите од целисходни реформи на изборното законодавство се нужни, а токму моменталниот период кога земјата не се наоѓа во предизборна атмосфера е вистинскиот период за да се отвори толку потребната широка дебата и да се премине кон создавање на поправичен изборен модел кој нема да ги фаворизира поголемите политички партии. Еден граѓанин, еден глас, секој граѓанин – еднакво претставен, време е за вистинско преточување на овој демократски слоган во нашата парламентарна реалност.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе