Македонија

Две недели по несреќата инспекторите сѐ уште не можат да влезат во Беса транс

Ниту по две недели од сообраќајната несреќа во Бугарија каде животот го загубија 45 македонски патници, инспекторите не може да влезат во седиштето на Беса Транс. Сопственикот и вработените не одговараат на телефоните.

Директорот на Испекторатот за транспорт, Руфат Хусеини ни изјави дека, согласно законот испратиле известување до Беса транс за извршување на надзор и кога тоа ќе биде вратено потпишано од управителот, тогаш ќе биде извршен испенцискиот надзор.

Ние треба да направиме инспекциски надзор на правното лице Беса транс, ние не правиме надзор на управителот, тој треба да биде присутен. Ние правиме надзор на правното лице Беса транс со седиште во с. Рашче, која е затворена. Бидејќи е затворено седиштето, не можеме да влеземе и да направиме надзор, рече Хусеини.

Инспекторатот нема никаков контакт со сопственикот на Беса Транс, и не е работа на Инспекторатот да бара каде се наоѓа тој, посочи Хусеини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе