Вести Свет

Путин ќе одржи состанок за мерките преземени по терористичкиот напад во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за мерките преземени по терористичкиот напад во петокот во Крокус Сити Хол во московската област, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На состанокот ќе присуствуваат шефовите на безбедносниот и социјалниот сектор, како и претставници на Москва и Московската област, изјави Песков.

Според него, Путин се уште добива извештаи од сите служби за терористичкиот напад извршен во петокот во Крокус Сити Хол, во кој загинаа 137 лица.

Песков рече дека истрагата сè уште не дала конечна верзија за причините што довеле до терористичкиот напад.

Истрагата се уште е во тек и засега не е објавена конкретна верзија. Претходните извештаи беа прелиминарни, а официјална верзија досега не е објавена. Останува да чекаме официјални информации од нашите официјални органи за спроведување на законот“, нагласи Песков. Тој посочи дека руските специјални служби самостојно го истражуваат терористичкиот напад во Крокус и оти не станува збор за помош од други земји.

На прашањето дали западните земји, кои претходно предупредувале за можни терористички напади во Москва, дале информации за терористичкиот напад во Крокус и дали Русија сега има потреба од таква помош, Песков рече дека нема контакти со западните земји во врска со истрагата за терористички напад во Крокус.

Нашите служби работат независно, сега не станува збор за помош, рече Песков и оцени дека борбата против тероризмот бара меѓународна соработка, која во моментов ја нема поради конфронтации.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе