Вести Свет Топ вести

Гутереш: Се зголемува меѓународната поддршка за повикот до Израел да го прекине огнот во Појасот Газа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека се зголемува меѓународната поддршка за повикот до Израел дека е потребен прекин на огнот во Појасот Газа и дека инвазијата на градот Рафа ќе предизвика хуманитарна катастрофа. Гутереш ја даде изјавата за време на посетата на Јордан.

Гледаме како се формира поширок консензус во меѓународната заедница за тоа да му биде наведено на Израел дека е потребен прекин на огнот, а исто така – (за тоа) ги слушнав од САД, слушнав мислења и од Европската унија, нема потреба да спомнувам, се разбира, муслиманскиот свет – да му се стави јасно до знаење на Израел дека секоја копнена инвазија во Рафа може да значи хуманитарна катастрофа, рече Гутереш на прес-конференција.

Градот Рафа, на границата со Египет, е пренаселен, со над милион Палестинци кои се засолниле таму бегајќи од воените дејствија во Појасот Газа, додека Израел е решен да го нападне градот, кој го смета за „последниот бастион“ на радикалното палестинско движење Хамас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе