Вести Свет Топ вести

Нова регулатива на Европскиот парламент за слободата на медиумите

Со 464 гласа „за“, 92 „против“ и 65 воздржани, Европскиот парламент изгласа регулатива за заштита на новинарите, борба против политичкото мешање во уредувачките одлуки и поголема транспарентност на сопственоста на медиумите.

На властите им се забранува да вршат притисок врз новинарите и уредниците да им ги откриваат изворите, да апсат новинари, да им воведуваат санкции, да претресуваат редакции и да инсталираат софтвер за надзор на нивните електронски уреди. Предвиден е и механизам со кој големите онлајн платформи, вклучувајќи ги Фејсбук, X или Инстаграм, нема да можат да ги ограничуваат или бришат независните медиумски содржини. Уредувачката независност на медиумите ќе се обезбедува со забрана за отпуштање новинари пред истекот на договорот, освен ако не исполнуваат професионални критериуми.

Новата регулатива е со цел да се спречи политизацијата на медиумите и недоволната транспарентност на сопственоста на медиумите и кога државата им доделува реклами на медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе