Вести Македонија Топ вести

Минералните суровини одат на пленарка- за опозицијата пример за безрезервна верба во партиските водачи

Пример за безрезервна верба во партиските водачи. Вака опозицијата го окарактеризира однесувањето на пратениците од мнозинството, кои предлагаат измени на клучни закони, без да го видат договорот на владата со „Бехтел и Енка“ за чии потреби се прават измените.

Пратениците од ДУИ, пак, реагираа дека ќе бидат запишани во историјата ако не ги направат измените.

За мнозинството не беше доволно добар ниту еден од поднесените четири амандмани од опозицијата. Последните два, кои беа одбиени денеска, се однесуваа на можноста што се дава со измените, минералните суровини како песок, камен, чакал и друго, да се експлоатираат преку издавање на брзи концесии, без да се чека одобрение за градба и тоа цели шест месеци по завршувањето на изградбата. Два од амандманите беа на помалиот коалиционен партнер во власта, ВМРО Народна.

Законот за минерални суровини е првиот од осумте спорни закони кој го мина комисискиот филтер и ќе оди на пленарна седница.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе