Вести Македонија Топ вести

Замрзнување на европерспективата и активирање на санкциите на САД – Сириза со барање до грчката влада да реагира во случај на прекршување на Договорот од Преспа

Грчката опозициска партија Сириза бара од владата во Атина да реагира во случај да биде прекршен Договорот од Преспа, со замрзнување на европската перспектива, но и активирање на американските санкции во случај Договорот да биде прекршен.

„Владата мора да го напушти овој пасивен став и веднаш да се соочи со секоја употреба на термини или постапки од новата претседателка и членовите на новата Влада на Северна Македонија кои го прекршуваат Договорот од Преспа – особено уставното име. Потсетуваме дека овие средства вклучуваат и замрзнување на интегративната перспектива на соседната земја, како и активирање од САД на законот усвоен во јуни во 2021 година, што предвидува санкции во случај на оспорување/прекршување на Договорот од Преспа“, се вели во соопштението на Сириза.

Партијата чиј поранешен лидер и грчки премиер Алексис Ципрас е заслужен за потпишување на Договорот од Преспа и решавање на долгогодишниот спор околу името, ја критикува Владата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека не направила ништо да го заштити Договорот. Не се ратификувани трите меморандуми, ништо не е направено околу промена на учебниците, а не се променети ни сообраќајните знаци во Грција, вели Сириза.

И грчките медиуми анализираат дали идната претседателка и новата влада ќе го почитуваат Договорот од Преспа. Пишуваат, првиот тест ќе биде неделната инаугурација на Гордана Силјановска Давкова кога ќе треба да даде свечена изјава со уставното име на земјата.

„Интересно е пред Уставот на која земја Силјановска ќе положи заклетва: на Северна Македонија како уставно запишана со Договорот од Преспа или на непостоечка држава, „Република Македонија“, под кое самата чекореше кон високата функција и нејзината партија кон власт, иако со ниски тонови за време на предизборната кампања“, пишува Катимерини.

Повикувајќи се на дипломатски извори во Атина, грчките медиуми пишуваат дека обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа. Пренесуваат и дипломатски извори од Скопје, кои ја отфрлаат можноста ВМРО-ДПМНЕ да го стави во опасност почитувањето на Договорот.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Полјаците бесни поради начинот на кој полскиот претседател изрази сочуство до Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе